Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во моментов активни се 5.707 случаи на коронавирус, најмногу во Скопје, Битола и Прилеп

Во моментов активни се 5.707 случаи на коронавирус, најмногу во Скопје, Битола и Прилеп
Img 7972

Во моментов како активно заразени со коронавирус се водат 5.707 случаи во Македонија. Од нив, според последниот извештај на Министерството за здравство, најмногу се од Скопје (2.762), по што следат Битола со 494 и Прилеп со 340 случаи на заразени.

Само вчера беа ресгистрирани 168 нови лица заразени со ковид, уште седум починаа, а 275 се водат за оздравени.

Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, а на починати е 7.695.

Институтот за јавно здравје сѐ уште не го тестирал сојот омикрон со последното секвенционирање на примероците од минатиот месец. До Нова година се очекува да се прави нова анализа дали оваа варијанта е присутна и во Македонија. Инаку, 964 лица во земјава повторно се заразиле со вирусот, а две од нив и по трет пат. Само четвртина од заразените имале претходен контакт со друго заразено лице.

Можете да прочитате

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип, набавени рекордни 80.000 дози

Мерко даде завршни зборови за незаконското поставување директор во Велешта, пресуда в понеделник

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи