Утрински Весник
Свет

Во Минск уапсени 24 демонстранти

Во Минск уапсени 24 демонстранти

Околу 2.400 лица учествуваа на протестите во Минск, од кои 25 беа уапсени, соопшти денеска полицијата во Минск.

„Група демонстранти маршираа по Булеварот на независноста во Минск, а потоа им се придружија и одреден број луѓе, што не надминуваше 2.400“, соопшти полицијата, пренесе ТАСС.

Во понеделникот вечерта, група од 25 лица се собрала пред медицинскиот факултет.

„Демонстрантите немаа право да се соберат таму и беа предупредени дека го кршат законот, поради што беа уапсени“, потенцира полицијата.

Протестите во Минск се одржуваат затоа што демонстрантите сметаат дека резултатите од претседателските избори се наместени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер