Утрински Весник
Свет

Во Минск приведени 800 луѓе за нарушување на јавниот ред

Во Минск приведени 800 луѓе за нарушување на јавниот ред

Припадниците на белоруските безбедносни сили уапсија околу 800 лица поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

„Речиси 800 лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир во државата. Во моментот се води истрага со цел да се проценат правните последици од нивните постапки“, додаваат од Министерството, пренесе ТАС С.

Министерството нагласи дека и покрај многубројните повици за дестабилизација на ситуацијата, што беше поттикнато од граѓаните што не се во земјата преку, како што се наведува, штетните канали на „Телеграма“, масовните протести не успеале.

„Полицијата бргу реагира и ги спречи сите провокации“, соопшти белоруското Министерство за внатрешни работи.

Граѓаните вчера излегоа на референдум на кој се изјаснија за промена на Уставот, со што ќе се овозможи распоредување  нуклеарно оружје во Белорусија.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ