Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Македонска Каменица спроведена зимска акција за заловување кучиња скитници

Во Македонска Каменица спроведена зимска акција за заловување кучиња скитници
300x250 opst2

Македонска Каменица, 20 февруари 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица заврши зимската акција за заловување на кучињата скитници. Акцијата, како што информираа надлежните, се спроведе на неколку локации во градското подрачје, како и во неколку населени места.

-Акцијата се спроведе врз основа на договорот склучен со ветеринарна служба од Куманово. Кучињата скитници кои беа затекнати, како во градот, така и во дел од населените места, беа успешно заловени од страна на ветеринарната служба. Тие во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, а ќе следува и третирање со вакцинација и кастрација, информираа надлежните.

Апелираа граѓаните заради лична безбедност редовно да го пријавуваат присуството на кучиња скитници.

-За таа цел ги замолуваме граѓаните, да го пријавуваат присуството на кучиња скитници, за истите да бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по нивното здравје и безбедност, додадоа надлежните служби од Македонска Каменица.

Најавија дека вакви акции за заловување на кучиња скитници во градското подрачје и поголемите населени места во Македонска Каменица ќе се спроведуваат постојано, а следната ваква редовна акција е планирана за напролет. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи

Акредитирани 591 странски и 658 домашни набљудувачи, пријавени околу 9.000 болни и изнемоштени лица