Утрински Весник
Македонија

Во Македонска Каменица реализирани повеќе проекти за уредување јавни површини

Во Македонска Каменица реализирани повеќе проекти за уредување јавни површини
Dik 300x250 mk

Македонска Каменица, 10 јуни 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица во завршна фаза е спроведувањето на договорот за бетонски работи и партерно уредување јавни површини. Како што информираа од Oпштината, реализацијата на овој проект на граѓаните им овозможи неколку нови содржини, меѓу кои и две пристапни патеки и нов паркинг простор.
-Паркинг просторот е со вкупна површина од 180 метри квадратни, каде за граѓаните од улица ,,Самоилова”, обезбедивме нови паркинг места. Преку реализацијата на овој проект изградени се и две пристапни патеки со вкупна должина од 130 метри, за подобар пристап на жителите до улица Церска, информираа од Општината.
Kако што додаваат, започната е и целосната замена на оштетените бетонските стази и просторите пред влезовите во станбените живеалишта од централното градско подрачје.
-Во наредните денови, општина Македонска Каменица ќе започне со реализација на нов проект за бетонски работи и партерно уредување на површини со кој е предвидено доуредувањето на градскиот кеј на Каменичка Река и останати јавни површини, со што продолжуваме во подобрувањето на условите и потребите на граѓаните од урбаната заедница, наведуваат од Општината.
За релизација на договорот за бетонски работи и партерно уредување на јавни површини во општина Македонска Каменица беа одвоени 3,3 милиони денари. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца