Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 672 нови случаи на коронавирус, пет лица починаа

Во Македонија 672 нови случаи на коронавирус, пет лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 672 нови случаи на коронавирус, а пет лица починаа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 6.770 тестирања. Најголем број нови случаи има во Скопје – 230, Тетово – 115 и Гостивар – 101.

Во Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Гостивар – 9, Битола и Кичево – по 3, Прилеп и Струмица – по 2,Куманово, Штип ,Кочани и Свети Николе – по 1.

Пријавени се 5 починати лица: по 2 починати лица од Тетово (48г и 66г) и Гостивар (59г и 85г), по едно починато лице од Виница (62г) Сите починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.046.042 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.

Можете да прочитате

Група граѓани поднесоа обемна претставка до Уставниот суд и кривична пријава против МВР за „Safe City“ системот

Просветен инспектор ѝ вршел притисок на наставничка во Муртино да напише изјава како што тој сакал

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски