Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на КОВИД-19 во:
Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8, Кочани и Кичево – по 7, Прилеп, Охрид и Штип – по 6, Велес и Струмица – по 5, Тетово, Гостивар и Ресен – по 4, Кавадарци – 3, Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 409 оздравени пациенти од:
Скопје – 171, Прилеп – 39, Куманово – 37, Битола – 36, Тетово – 15, Велес – 13, Гостивар – 12, Кичево – 11, Штип – 10, Струмица – 9, Кавадарци и Радовиш – по 8, Крива Паланка – 6, Охрид и Кочани – по 5, Виница и Демир Хисар – по 4, Дебар и Пробиштип – по 3, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево – по 1.

Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г,65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г). Од пријавените, 25 лица се починати во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.

Направени се 2.357 тестови преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–0, МАНУ-71, Жан Митрев (Филип Втори)-369, Авицена-160, Биотек-199, Систина-173, лабораторија Лаор-169, Синлаб-41, Ремедика-39, Плодност–49, Генеа–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 524.

Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.

Можете да прочитате

УЈП казни речиси 300 угостителски објекти по контроли во трговски и туристички објекти низ државата

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

Зголемени платите на пожарникарите во Струмица: Од сега ќе заработуваат 80.000 денари