Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во Македонија 1.275 нови случаи на Ковид-19, 13 лица починале

 

Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 2.824 тестирања, а по градови состојбата е следна во: Скопје-439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-16, Ресен-10, Неготино-22.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 585 оздравени пациенти од: Скопје-168, Куманово-37, Штип-37, Прилеп-47, Тетово-10, Струга-20, Велес-32, Битола-42, Охрид-41, Кавадарци-15, Гевгелија-8, Струмица-19, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-2, Берово-4, Виница-10, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-14, Кичево-21, Ресен-6 и Неготино-11.

Починати се 30 лица, дванаесет пациенти од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68г), еден од Куманово (73г), тројца од Прилеп (73, 63 и 73г), еден од Тетово (62г), двајца од Струга (57 и 64г), двајца од Битола (62 и 67г), двајца од Гостивар (64 и 64г), еден пациент од Струмица (74г), еден од Радовиш (65г), еден од Крушево (80г), еден од Пробиштип (76г), еден од Берово (58г), еден од Ресен (66г) и еден пациент од Неготино (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66.330, бројката на оздравени пациенти е 42.241, на починати е 1.877, а бројот на активни случаи изнесува 22.212.

Досега во земјата се направени вкупно 344.085 тестирања на Ковид -19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, соодветните служби работат, во координација сме со МВР

Голем пожар во кичевско, на терен три хеликоптери

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери