Утрински Весник
Македонија

Во Македонија ќе стигнат 10.000 вакцини од „Астразенека“, донација од Хрватска

Во Македонија ќе стигнат 10.000 вакцини од „Астразенека“, донација од Хрватска

Дест илјади вакцини на „Астразенека“ денеска ќе стигнат во земјава како донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини од Русија на „Спутник“.

Мнистерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека вакцините се безбедни и дека не постои шанса да се пушти во промет лек доколку за тоа нема одобрение од Агенцијата за лекови.

„Граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет, вклучувајќи и вакцина, доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација којашто е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес“, изјави Филипче.

Можете да прочитате

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Камион се запали на превојот Плетвар

УЈП: Поднесување ДДВ-04 пријави и плаќање даночен долг до 25 август 2025