Утрински Весник
Македонија

Во Македонија потврдени три случаи на новиот вид коронавирус, еден од заразените починал

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Британскиот вид на коронавирус досега бил детектиран кај тројца пациенти во земјава, соопштија од Министерството за здравство.

Здравствените власти на 27 јануари објавија за првиот пациент заразен со овој вид на вирусот, кој веќе е оздравен. Вирусот беше детектиран во приватната
лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје при анализа на примероци од јануари.

Кај останатите двајца заразени, едниот кој имал коморбидитет починал, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен.

Починатиот е 46-годишен маж од Охрид, кој имал претходни хронични заболувања.

Позитивен тест на Ковид-19 добил на 4 јануари, а починал на 8 јануари 2021 година.

Според епидемиолошките анкети ниту еден од тројцата мажи не патувал во странство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици