Утрински Весник
Македонија

Во Македонија две дози вакцина примиле 81.273 граѓани

Граѓаните вакцинирани во странство за ревакцина во земјава да се пријават на vakcinacija.mk/revaccination

Прва доза вакцина во саботата примиле 597 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.792 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини, а ревакцинирани се 81.273 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Од таму велат дека 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 431.770 граѓани“, соопшти МЗ.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со сабота, 29 мај, вакцинирани се вкупно 234.508 граѓани.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што велат од таму, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје