Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Во Македонија дадени над еден милион дози вакцина против коронавирус

Во Македонија дадени над еден милион дози вакцина против коронавирус
Img 7972

Во Македонија се дадени над еден милион дози вакцини против коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Од таму наведуваат дека интересот за вакцинација од пред два дена е значително зголемен. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 561.912 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.914 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.020 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани.

Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Можете да прочитате

МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО СИЛНА ГОДИНА: Вкупна добивка од 6,7 милиони евра

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес