Утрински Весник
Македонија

Во Македонија активни се 1.920 случаи на заразени со коронавирус

Нови 119 заболени и четворица починати од коронавирус

Во моментов во земјата активни се 1.920 случаи на заразени со коронавирус.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 15.694, бројката на оздравени пациенти е 13.128, а на починати е 646 лица.

Најмногу активно заразени во момментов има има во Скопје – 566, Куманово – 215, Прилеп- 133 и Тетово – 120.

Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на Kовид -19.

Од почетокот на отворањето на градинките, пријавени се два посебни случаи на вработени позитивни на Ковид-19, во две детски градинки.

Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при ЈОУДГ Мајски Цвет , Битола, каде е остварен е контакт со родителите на децата и изолирани се само децата од таа група, вкупно пет. Согласно проценките, надлежните наведоа дека нема опасност за останатите групи од објектот и тие можат да продолжат со работа и примање на деца. Притоа, во домашна изолација се и други пет вработени во истата градинка до 15 односно 17 септември, од последниот контакт со заболената вработена во градинката, информираат од Министерство за труд и социјална политика. Истовремено и за сите пет деца кои биле во групата на вработената, даден е предлог за здравствен надзор заклучно со 23 септември. Во однос на оваа градинка, од МТСП велат, дека се превземаат сите мерки за дезинфекција на објектот и просторијата во градинката.

Во вториот случај, се работи за вработена во градинка ЈУДГ на О.Ц ,,Раде Јовчевски Корчагин“, која од 9 септември не е на работното место и нема контакт со прием на деца во период кога градинките почнаа со работа. Согласно, препораката на епидемиолозите, каде е пријавен случајот, доколку до недела 13 септември, не се пријават вработени со симптоми објектот може да продолжи да работи нормално од понеделник.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер