Утрински Весник
Спорт

Во Лига 1 дури 37 фудбалери позитивни на коронавирус, 4 се од Марсеј

Во Лига 1 дури 37 фудбалери позитивни на коронавирус, 4 се од Марсеј

Наредниот петок е планиран почетокот на новата сезона во француската фудбалска Лига 1, а уште од сега е најавено дека еден дуел ќе се одложи.

Првенството требаше да се отвори со мечот Марсеј – Сент Етјен, но нивниот дуел е одложен затоа што дури четворица фудбалери на Олимпик е позитивни на коронавирусот.

Три случаи биле откриени минатата недела, а еден е од претходно. Информациите се дека заразени со вирусот се Стив Манданда, Валентан Ронжие и Максим Лопез.

Во целата прва лига има дури 37 играчи кои се заболени од Ковид 19, а правилата се такви во Франција што дуелот се одложува ако во еден клуб има најмалку четворица заразени.

Тестовите покажале дека во 11 клубови има заразени со вирусот.

> Во Лига 1 дури 37 фудбалери позитивни на коронавирус, 4 се од Марсеј <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига