Утрински Весник
Македонија

Во Куманово 14 прекршувања на ограничувањето на движење

Во Куманово 14 прекршувања на ограничувањето на движење

Скопје, 5 април 2020 (МИА) – На подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење во периодот од 21:00 часот на 03.04,2020 (петок) до 07:00 часот на 05.04.2020 (недела), информира МВР.

Оттаму нагласуваат дека се преземени мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.

-Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05:00 часот на 06.04.2020 (понеделник). Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, порачуваат од МВР. вј/скс

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет