Утрински Весник
Македонија

Во Куманово забраната од петокот не ја почитувале 12 лица, во цела земја за едно деноноќие 164 прекршувања

Во Куманово забраната од петокот не ја почитувале 12 лица, во цела земја за едно деноноќие 164 прекршувања

Скопје, 5 април 2020 (МИА) – Забраната за движење во Куманово, што со одлука на Владата е активирана во петокот на 3 април во 21 часот до утрово до 07 часот не ја почитувале12 лица, кои се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил.

Според објавените податоци на територија на целата држава во последното деноноќие забраната не ја почитувале 164 лица, на 122 се приведени, две лица добиле опомена, а на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголем дел од непочитувањата се на територијата на СВР Скопје, птооа СВР Струмица и СВР Куманово.

Во изминатото деноноќие објавената статика покажува дека нови 264 лица добиле решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација. Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирале дека едно лице не се придржувало до мерките за изолација и самоизолација.

За последното деноноќие во државен карантин се спроведени 57 лица.скс/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм