Утрински Весник
Македонија

Во Куманово девет новозаболени од Ковид-19, во Липково двајца

Во Куманово девет новозаболени од Ковид-19, во Липково двајца

Куманово, 19 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово последниве 24 часа регистрира 11 новозаболени пациенти од Ковид -19. Девет од новозаболените се од општина Куманово и две лица се од општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.

-Дел од регистрираните случаи во Куманово се новозаболени, а има и лица кои имале контакт со веќе заболен член во семејствата-изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.

Денеска се извршени 62 тестови од нив, 17 по „Мој термин“, останатите се направени согласно епидемиолошки индикации и дел се контролни тестови. ам/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсовска го тепала командантот Барути, тврди Меџити

Мицкоски: Сакаме да бидеме членки на ЕУ, но не по секоја цена

Отворена е истрага за заканите кон известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц