Утрински Весник
Македонија

Во Крушево се уредува околината на спортската сала

Во Крушево се уредува околината на спортската сала

Крушево, 28 мај 2020 (МИА) – Во Kрушево партерно почнува да се уредува просторот околу спортската сала. Потпишан е дговорот за изведување на работите, и извршен е увид како течат работите.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, најбитно е што салата целосно ќе биде во функција.

-Покрај внатрешно, го уредуваме и надворешниот простор околу салатa. Обезбедуваме целосно функционална спортска сала со проширена намена, решен е проблемот со поплавувањето и со целосното опремување, а сега и партерното уредување. Продолжуваме со имплементација на проектот за развој на авантуристички туризам, рече Христоски.

Партерното уредување на спортската сала е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и од општина Крушево.ем/бт/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Приведен Нацев – дозволил малолетници и пиротехника во „Пулс“ пред смртоносниот пожар

Објавен повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис