Утрински Весник
Македонија

Во Крушево се дезинфицираат институциите

Во Крушево се дезинфицираат институциите

Крушево, 19 март 2020 (МИА) – Во неколку институции во Општина Крушево денеска се врши дезинфекција. Заводот за јавно здравје од Прилеп врши дезинфекција на средното училиште „Наум Наумовски Борче“, на основното „Никола Карев“, на градинката „Гонча Туфа“, како и на Фондот за здравство во Крушево, Агенција за вработување и на локалната самоуправа.

Со ова продолжува процесот на преземање мерки за спречување на ширењето на заразата од коронавирусот.

Претходно се чистеше центарот на градот, а Црвениот крст објави повик за волонтери кои ќе помагаат во набавка на неопходни производи за старите и за изнемоштените лица.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски ги откажа отворените денови, пазарот престанува со работа, а скратено е работното време во локалната и во други државни институции.

Општината отвори телефонски линии за помош на старите лица, но и за итни потреби на сите граѓани. Народната кујна ќе ја доставува храната до домовите на примателите. ем/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради дефект на водоводната мрежа од поплавени локации без вода се селата од Кравари до Меџитлија

Долгорочни прогнози: Не чека блага зима со малку снег

Кражба во црквата „Свети Никола“ во Катланово, маж снимен како ги собира парите од иконите