Утрински Весник
Македонија

Во Крушево дезинфекција на објектите, со работа почнуваат и волонтерите

Во Крушево се дезинфицираат институциите

Крушево, 9 април 2020 (МИА) – Во Крушево денеска продолжи дезинфекцијата на здравствениот дом, полициската станица, противпожарната единица, банките и поштата. Ова е трета фаза на дезинфекцијата во оваа општина, а според најавите, ќе се продолжи и во наредниот период.

Од денеска започнуваат со работа и осумте лица ангажирани за помош на стари и изнемоштени и лица со посебни потреби. За нив е обезбедена неопходна заштитна опрема.

Оваа активност општината ја спроведува заедно со Програмата за развој на Обединетите Нации.

Досега, во Крушево има три случаи позитивни на корона вирусот. ем/бак/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна