Утрински Весник
Македонија

Во кругот на итната помош си препродавале дрога, уапсени две лица од Кавадарци

Во кругот на итната помош си препродавале дрога, уапсени две лица од Кавадарци

Две лица од Кавадарци се уапсени откако полицијата ги затекнала како си препродаваат дрога во кругот на итната медицинска помош.

Вчера во 18.40 часот во кругот на Јавната здравствена установа – Итна медицинска помош Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода М.А.(42) и С.Ѓ.(22), двајцата од Кавадарци, затоа што М.А. бил затекнати како му продава на С.Ѓ. пакуквање со кафеава прашкаста материја.

Исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.А., при што била пронајдена кафеава прашкаста материја.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

(Видео) Започна 31. Конгрес на СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува новo движење по моделот на Вучиќ

ВРЕДИ: Фазлиу ги модернизира Матичните Книги, основните документи сега се преземаат онлајн