Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка формирани мобилни тимови за поддршка на болни и изнемоштени лица

Утврден приоритет на три проекти за водовод и канализација во Крива Паланка

Крива Паланка, 17 март 2020  (МИА) – Општина Крива Паланка во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија и Општинска организација Крива Паланка формираше мобилни тим за поддршка на болни и изнемоштени граѓани.
-Поради новонастаната ситуација  со Ковид-19 превземаме мерки за помош на највозрасните и ранливите категории граѓани, со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност. Сите возрасни лица над 60 години кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонските броеви  078 30 30 60 и 031 375 035, во период од осум до петнаесет часот. Мобилните тимови, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе пристигнат на нивните домашни адреси  пружајќи ја потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и потребни лекови, за кои самите граѓани ќе ги покријат трошоците, информираат од службата за комуникација со јавност при општина Крива Паланка.
Од локалната самоуправа на општината апелирааат граѓаните да ги почитуваат препораките и законските одредби на Владата на Република Северна Македонија, како и препораките дадени од Општината и да се однесувааат одговорно кон своето здравје и здравјето на сите во заедницата. ид/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме