Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка почна изградбата на терен за баскет

Во Крива Паланка почна изградбата на терен за баскет

Крива Паланка, 12 мај 2020 ( МИА) – Во Крива Паланка почна изградбата на баскет игралиште во дворот на ученичкиот дом „Боро Менков”.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски при денешната работна посета на Општина Крива Паланка изврши увид во активностите за изградба на спортската инфрастуктура.
Каевски информира дека инвестицијата за изградба на игралиштето за баскет ќе биде во вредност од околу три милиони денари.
– Ова современо угралиште ќе биде обложено со гумирана подлога и ќе биде опремено со реквизити за баскет на отворено. Целосната финансиска рамка за изградба на спортското  игралиште е обезбедена од  Агенцијата за млади и спорт, со помош од Буџет на Владата на РС Македонија, а крајниот рок за негова реализација  е 4 месеци, рече Каевски.
Според градоначалникот Мицевски, со ова ќе се надополнат спортските терени во општината кои се на располагање на младите.
– Со завршувањето на овој спортски модерен терен, кој се наѓа во непосредна близина на Средното општинско училиште чии спортски терени немаат доволен капацитет, како  и со користење на капацитетите на  новата фитнес сала за децата од руаралните средини, кои се сместени  во Ученичкиот дом Боро Менков , ќе ставиме во функција и ќе заокружиме еден комплетен спортски капацитет,  во кој ќе можат да се одвиваат и сите активности по физичко образование за сите ученици од средното општинско училиште, изјави градоначалникот Мицевски.
Каевски направи обиколка и на завршните активности за модернизација и осовременување на градскиот стадион, каде во текот на утрешниот ден ќе се изврши исцртување на белите линии на тартан атлетската патека, на скејт паркот, како и  почетните активности за изградба на мини голф терен во кејот на Крива Река.
Сите овие активности за изградба на нова спортска инфраструктура и културно забавни катчиња, пред се за младите на локално ниво,  е во директна корелација со реализацијата  младинските политики на Владата на РС Македонија.ид/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности