Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Крива Паланка одржана работилница за подобрување на антикорупциските политики, механизми и практики 

Во Крива Паланка одржана работилница за подобрување на антикорупциските политики, механизми и практики 
Img 7972

Крива Паланка, 10 март 2020 (МИА) – Во големата сала на општина Крива Паланка денеска се одржа работилница за подобрување на антикорупциските политики, механизми и практики во општината, во организација на НВО Инфоцентар.

Како што информираше Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар, која заедно со Герман Филков беше дел од тимот обучувачи, работилницата е дел од проектот „Рефлектор врз антикорупциските практики на локално ниво“, финансиски поддржан од УСАИД, што е насочен кон намалување на корупцијата преку подобрен интегритет на локалните институциии, како и иницирање промени во управувачката култура на институциите со препораки за преземање мерки за надминување на утврдените слабости, заради унапредување на работењето на локалните власти.

Гостин-предавач на работилницата беше и претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска.

Учесниците дискутираа и за  законската рамка и обврските на општините, подобрување на политиките и механизмите за борба против корупција и начините за подобрување на комуникацијата и соработката со ДКСК.

Работилница имаше едукативен и информативен карактер и првенствено беше наменета за градоначалникот и општинските служби, раководители на сектори и одделенија, инспектори, внатрешни ревизори, лица за односи со јавност, советници и други службеници од општината и јавните локални институции. ид/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата