Утрински Весник
Македонија

Во Крива Паланка ангажирани 12 невработени лица за вршење јавни работи

Во Крива Паланка ангажирани 12 невработени лица за вршење јавни работи
Dik 300x250 mk

Крива Паланка, 16 јуни 2020 (МИА) – Дванаесет невработени лица, активни баратели на работа со ниски квалификации, од денеска се ангажирани преку програмата за јавни работи што Општина Крива Паланка ја спроведува во соработка со Агенцијата за вработување. 

– И годинава општината во соработка со АВРСМ ја спроведува мерката за ангажирање  невработени лица со ниски квалификации за активности за одржување на инфраструктура и заштита на животната средина. Активноста се реалзиира согласно мерката 6.2, дел од  Програмата за работно ангажирање за вршење јавни работи финансирана од  буџетот на АВРСМ, а Крива Паланка повеќе години по ред е нејзин корисник, учествувајќи  со кофинансирање во износ од 20 отсто од  дневниот надоместок, како и обезбедување соодветна опрема, алат и превоз на ангажираните лица, информираше службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Со програмата се ангажирани дванаесет невработени лица кои работат на чистење канали и сливници за атмосферски води, отстранување одрони, чистење диви депонии, кастрење гранки надвиснати над сообраќајна инфраструктура, одржување и уредување на зелените површини и други комунални работи. ид/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински”

Почнува акцијата „72 часа чисто Скопје“ – Ѓорѓиевски го стартува ветувањето за почист град

Забрана за користење на водата за пиење во Берово поради зголемено присуство на манган