Утрински Весник
Македонија

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица

Кочани, 29 мај 2020 (МИА) – По тринеделна стагнација на бројот на заболени од Ковид-19 на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани, денеска е регистиран нов позитивен случај на коронавирусот.

Се работи за жител на селото Жиганци, општина Чешиново-Облешево, вработен во конфекцијата во Штип во која во изминатите два дена беа регистрирани новозаболени лица.

-Во текот на денот се тестираат и други лица кои се вработени во штипската компанија, а за кои се очекуваат резултатите. Според досегашното искуство, можно е бројот на новозаболени да се покачи, информираа од кочанскиот Центар за јавно здравје.

Досега во кочанскиот регион беа евидентирани вкупно 31 заболен од Ковид-19, а пред две дена успешно заврши лекувањето на последниот пациент кој беше позитивен на вирусот. Во почетокот на април почина 40-годишен маж како последица на болеста. та/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Компанијата dm drogerie markt ги предупредува граѓаните да не веруваат во информации кои се споделуваат за измами со повлекување на пари од сметка и лажни наградни игри!

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици