Утрински Весник
Свет

Во Косово уште 187 заразени со коронавирус

Во Косово уште 187 заразени со коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа потврдени се уште 187 случаи на коронавирус во Косово, врз основа на 424 тестирани примероци, објави Националниот институт за јавно здравје во Приштина.

Најголем број заболени има во Приштина – 92.

Бројот на активни случаи во Косово изнесува 2.640 лица.

Од почетокот на епидемијата во Косово, вкупниот број на позитивни случаи е 5.118, а тестирани се 28.640 лица.

Вкупно 108 пациенти починале како резултат на вирусот.

Во последните 24 часа се излечиле 103 пациенти, а вкупниот број на излечени досега е 2.370.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина