Утрински Весник
Македонија

Во комбе со капацитет од 23 места, превозник од Кочани превезувал 21 патник во време на епидемија

Во комбе со капацитет од 23 места, превозник од Кочани превезувал 21 патник во време на епидемија

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и 45-годишниот кочанчанец К.М. како одговорно лице во фирмата, поради сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што информираат од МВР, правното и одговорното лице, ги прекршиле прописите јавниот превоз да го вршат со ограничување на бројот на патници на 50% од капацитетот на превозното средство.

Имено, на 19 јули годинава за време на вршење на превоз во патниот сообраќај на релација Охрид-Кочани, во патничко моторно возило „мерцедес спринтер“, сопственост на фирмата од Кочани, а со капацитет од 23 места за седење, во истото се превезувале 21 патник.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Променливо облачно, температури до 16 степени

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово