Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите има место за околу 120 пациенти

Во ковид-центрите се лекуваат 702 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 116, во ковид-центарот во Гостивар 47, а во Струга 31 заболен. Во болницата во Струмица хоспитализиран е 91 пацинет, во Кочани 21, во Кичево 18, во Кавадарци 39, а во Гевгелија 9 лица позитивни на коронавирусот“, се наведува во соопштението врз основа на добиените извештаи од болниците.

Од ресорното министерство посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.285 и има околку 120 празни болнички кревети во ковид-центрите“, се додава во соопштението.

Министерството за здравство појаснува дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег