Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 258 пациенти, вчера хоспитализирани 24 лица

Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 258 пациенти, вчера хоспитализирани 24 лица
300x250 opst2
Вкупно 258 лица сомнителни и потврдени на КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштуваат од министерството за здравтство.
Според нив, во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка известуваат од ресорното министерство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 72 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти, а на ГАК две пациентки.
„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка“, стои во соопштението од министерството за здравство.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана

Приведени двајца криумчари од Скопје – превезувале мигрант од Турција

Левица ја води правната битка против АВМУ: „Сите се прогласуваат за ненадлежни, но правдата ќе ја бараме во Стразбур“