Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 477 пациенти, голем дел од нив се на кислородна поддршка

Во ковид-центрите се лекуваат 702 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 477 пациенти. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести има 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, соопшти МЗ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика