Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 438 пациенти, голем дел од нив се на кислородна поддршка

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев е премиер, а Филипче министер, црно им се пишува на граѓаните

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 41 нови пациенти, поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно 438 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клиниката за неврологија, пет пациенти се примени на Клиниката за нефрологија и еден болен на Клиниката за дерматовенерологија. Во ковид-центарот во ГОБ ‘8 Септември’ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 14 лица“, се наведува во соопштението.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментот, во ковид-центарот на Кожната клиника се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, а во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти. Во „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти, од кои 10 деца и 27 возрасни.

Вкупно 438 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, а како што информираат здравствените власти, голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 15-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’. Во текот на утрешниот ден ќе се отвори за прием и ковид-центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород“, стои во соопштението на ресорното министерство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион