Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 51 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 483 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 27 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравен пациент.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 225 пациент.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 483 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.