Утрински Весник
Македонија

Во Ковид центрите во Скопје нови 55 пациенти, а се лекуваaт 428 вкупно лица

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло, појаснуваат од МЗ.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 36 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти, 3 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 8 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов во Ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известуваат од министерството.

Од таму потсетуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, велат од министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер