Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 33 пациенти

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 253 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало 15 приеми.

„Во ковид-центарот во ГОБ ‘8 Септември’, пак, имало 9 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника. Во Козле не биле примени пациенти“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Од вкупно 253 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19, кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ

ЛАДЕН РУСКИ БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни го носи првиот снег за оваа сезона!

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокираше градот