Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти. На ГАК нема хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 262 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОКТА: Почнавме со иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година