Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти

Во ковид-центрите се лекуваат 702 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 19 приеми, и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид-центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни на Клиниката за дерматовенерологија, седум пациенти на ковид-одделението на Клиниката за гастроентерохепатологија и осум пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени четворица.

На Кожната клиника во ковид-центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица. Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 12 деца и 28 возрасни.

Од вчера пациенти сомнителни и потврдени за Ковид- 19 се примаат и во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени осум пациенти и има уште 17 слободни кревети.

Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број  приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид-центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид-центарот на Клиниката ОРЛ. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева