Утрински Весник
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа примени нови 26 пациенти

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа примени нови 26 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 265 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 69 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, на ГАК три пациентки.

Вкупно 265 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ РАНА НАЈАВА: Од 26 септември голема временска промена, многу врнежи и значително ладно!

Загадениот воздух ни го краде вниманието и ги заматува емоциите, покажува ново истражување

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење