Утрински Весник
Македонија

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа примени 16 нови пациенти

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа примени 16 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 16 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 240 лица, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти.

Вкупно 240 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 94 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти МЗ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година