Утрински Весник
Македонија

Во Кичево целосно се почитуваат препораките на Владата

Во Кичево целосно се почитуваат препораките на Владата

Кичево, 17март 2020 (МИА) – По препораките на Владата што почнаа да се практикуваат, во Кичево целосно се затворени коцкарниците, обложувалниците, кафеаните и другите објекти за масовно собирање, со цел да се спречи ширењето на опасниот коронавирус, кој зема сѐ поголем замав како на стариот континент така и во земјава.

Како што информираат од СВР Охрид, на територија на општина Кичево полициските службеници и пазарната инспекција синоќа спровеле контроли на 60 угостителски објекти, осум казина и 12 обложувалници.

-Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на Владата, а сите потстапки поврзани со оваа и останатите одлуки на Владата кои повлекуваат кривична одговорност да ги пријавуваат на телефонскиот број 192 , посочи портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. рз/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ