Утрински Весник
Македонија

Во Кичево три лица не го почитувале полицискиот час, петмина во самоизолација

Во Кичево приведени пет лица кои не го почитувале полицискиот час

Кичево, 28 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот COVID-19, според статистичките податоци на МВР, три лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој објасни дека вчера во 16:30 часот, на локален пат во кичевското село Осој, три лица не ја почитувале забраната за движење и го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.В.(29) од истото село врз С.М.(26) и Б.М.(19), двете од Кичево. Против нарушителите, најави, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период, не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди.

-Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 294, од кои пет во Кичево. Врз нив е извршена контрола. Полициските службеници извршија и 77 контроли на угостителски и други објекти, рече Димоски. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот