Утрински Весник
Македонија

Во Кичево состојбата стабилна, сите го почитувале полицискиот час

Во Кичево безбедносната состојба стабилна, се почитува полицискиот час

Кичево, 5 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 21 часот на 4 април до 07.00 часот на 5 април, на територијата на општина Кичево сите граѓани го почитувале полицискиот час , информира портпаролот на Стефан Димоски.

Тој додадва дека не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

За лица во самоизолација извршени се вкупно 251 контрола, од кои во Кичево е само едно лице. Полициските службеници извршија 47 контроли на угостителски објекти.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Ја напуштам Владата, тргнува во битката за Чаир

Делегации на СДСМ за Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце

На „Табановце“ се чека околу 45, на „Богородица“ околу 30 минути