Утрински Весник
Македонија

Во Кичево приведени пет лица кои не го почитувале полицискиот час

Во Кичево приведени пет лица кои не го почитувале полицискиот час

Кичево, 20 април 2020 (МИА) – Во периодот од 19 часот од 19 април до 07:00 часот на 20 април ситуацијата во кичевскиот регион е стабилна , во овој период пет лица во Кичево ја нарушиле забраната за движење при спроведување на мерки за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширењето на коронавирусот COVID-19.

Тие се приведени и ќе се соочат со кривични пријави според член 206 од кривичниот законик за „неисполнување на здравствените регулативи за време на епидемија“, информираат од СВР – Охрид. рз/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?