Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Кичево потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонскиот полициски синдикат и адвокатката Хамдије АдемиТафа

Во Кичево потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонскиот полициски синдикат и адвокатката Хамдије АдемиТафа
Img 7972

Кичево, 16 јуни 2020 (МИА) – Македонскиот полициски синдикат претставуван од преседателот Марјан Кичев и адвокатката Хамдије Адеми Тафа од Кичево денеска потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка.

По чинот на потпишувањето на Меморандумот претседателот на Македонскиот полициски синдикат Кичев рече дека македонската полиција ќе има бесплатна правна помош во сите нивни постапки.

-Ова е наш прв договор од апелационото подрачје на Гостивар и со денешниот Меморандум практично значи дека адвокатката Хамдије Адеми Тафа ќе биде ексклузивен наш претставник на ова подрачје. Друг адвокат нема да имаме, рече тој.

На новинарско прашање во врска со наградата на полицајците, Кичев рече дека како синдикат ќе бараат да се вреднува нивната работа со награда од 25.000 денари.

– Министерот Наќе Чулев ни нудеше 15.000 денари. Ние како синдикат не се сложувавме, ќе продолжиме со нашите барања и нема да отстапиме, рече Кичев денеска во Кичево. рф/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски најавува БРТ и големи инфраструктурни промени во Скопје

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс