Утрински Весник
Македонија

Во Кичево едно лице приведено поради непочитување на полицискиот час

Во Кичево едно лице приведено поради непочитување на полицискиот час

Кичево, 29 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, односно во Кичево едно лице не ја почитувало забраната за движење.

Тоа е приведено и против него ќе биде поднесено кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, информира портпаролот Стефан Димоски.

Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов, изнесува 287 лица од кои пет во Кичево и врз толку лица е извршена контрола.

– Полициските службеници извршија 60 контроли на угостителски и други објекти, додаде Димоски. рф/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме