Утрински Весник
Македонија

Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час, шестмина се во самоизолација

Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час, шестмина се во самоизолација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кичево, 30 април 2020 (МИА)- Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, едно лице од Кичево не ја почитувало забраната за движење.

-Тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира портпаролот Стефан Димоски.

Во истиот период, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 116 лица од кои шест во Кичево. Полициските службеници извршија 23 контроли на угостителски и други објекти , додаде Димоски. рф/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе