Утрински Весник
Македонија

Во Кичево една кривична пријава за непочитување на полицискиот час

Кривична пријава за двајца кичевци кои не ја почитувале мерката за самоизолација

Кичево, 26 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќиe за време на полицискиот час, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, во Кичево во целост се почитувала забраната за движење.

Во овој период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, информираа портпаролот Стефан Димоски.

Тој објасни дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(42) од Кичево.

При контрола извршена на 19 мај во 20 часот на улица „Mаршал Тито“ во Кичево, полициски службеници го затекнале пријавениот при управување патнички автомобил „Опел Астра“. Притоа, констатирале дека пријавениот нема дозвола од надлежен орган и не ја почитува мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час од 19 часот на 19мај до 05 часот, следниот ден, додаде Димоски.рз/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со Казанџи Холдинг

Апасиев со тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен