Кинеската Национална метеоролошка управа денеска го намали нивото на предупредување за топлина на „портокалова тревога“ по 12 последователни дена „црвена тревога“, но се очекува температурите и понатаму да надминат 40 степени Целзиусови во Чонгкинг, Сечуан и во другите делови на басенот Јангце, јавува „Ројтерс“.
Екстремните горештини во Кина продолжија да ја пустошат земјата денеска, и покрај пониските температури во некои региони, додека властите низ сливот на реката Јангце се обидуваат да ја ограничат штетата што климатските промени ја нанесуваат врз енергетскиот сектор, земјоделските култури и добитокот.
Топлотниот бран во Кина, кој трае во изминатите 70 дена, е најдолгиот и најраспространет во однос на површината досега, со околу 30 отсто од 600 метеоролошки станици покрај реката Јангце, кои ги забележаа своите највисоки температури досега до минатиот петок.