Утрински Весник
Свет

Во Кина расте бројот на заразени четири дена по ред

Во Кина расте бројот на заразени четири дена по ред

Кина бележи зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус веќе четврти ден по ред, а здравствените власти објавија денеска 68 нови случаи, вклучително и два во Пекинг за прв пат по неколку недели.

Кина се соочува со враќање на заразата, неколку месеци откако го спречи првиот бран на епидемијата.

Од новите случаи, 57 се пријавени во Синјанг, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија, а во понеделникот северо-источната провинција Јилин забележала два нови случаи, први од мај, додека шест новозаразени се регистрирани во северо-источната провинција Лиаонинг.

Со цел да ја сопрат новата епидемија, кинеските власти тестирале милиони луѓе за ковид-19, но вирусот почнал повторно да се шири, пренесува Ројтерс, посочувајќи дека во Пекинг се регистрирани два нови случаи, за прв пат по три недели.

Досега се потврдени вкупно 83.959 случаи на коронавирус и 4.634 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

Норвешки гинеколог скоро 20 години силувал пациентки

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам