Утрински Весник
Свет

Во Кина најголем број новозаболени од 1 март досега

Во последните 24 часа за двојно зголемен бројот на новозаразени во Кина
Dik 300x250 mk

Официјални лица во Кина објавија најголем број нови дневни случаи на Ковид-19 во последните 10 месеци, а поради тешката епидемиолошка состојба на североистокот на земјата, повеќе од 28 милиони луѓе се во карантин.

Вкупно 144 нови случаи на Ковид-19 се пријавени во Кина во четвртокот, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија, што е најголема дневна бројка откако 202 случаи се забележани на 1 март минатата година, пренесува „Ројтерс“.

Државната комисија соопшти дека има 135 нови случаи на локални инфекции, од кои 90 се во провинцијата Хубеи во близина на Пекинг, која беше најтешко погодена во последниот бран.

Други 43 случаи се пријавени во североисточната провинција Хеилонгјанг, а провинциите Гуангкси и Шанкси пријавиле по еден нов потврден случај.

Вкупниот број на потврдени случаи на ковид-19 во Кина сега е 87.988, додека бројот на смртни случаи е непроменет – 4.635.

Новиот бран на Ковид-19 доаѓа во моментот кога тим од истражувачи на Светската здравствена организација (СЗО) пристигнува во Кина за да го утврди потеклото на пандемијата во која досега загинаа скоро два милиони луѓе ширум светот.

Делегацијата на СЗО, која доцнеше со доаќањето поради одбивањето на Пекинг да им дозволи влез во земјата, вчера се соочи и со проблем, бидејќи двајца членови на тимот беа запрени во Сингапур, откако тестовите покажаа дека имаат антитела, додека останатите од делегацијата беа ставени во карантин во Вухан, каде што ќе престојуваат две недели, по што ќе започне истражувањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кина потврдува дека ги укинува дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз

Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува руски хакери, Орбан посочува украинска вмешаност

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“